Конти Кан Спирал цевки

Категорија: Канализациски системи
konti-kan-spiral

КОНТИ КАН СПИРАЛНА ЦЕВКА е спирална структурна цевка од полиетилен со висока густина (ПЕ-ХД) со номинален дијаметар од Ø 400 – 1200 мм ОД (надворешен дијаметар).

КОНТИ КАН СПИРАЛНА ЦЕВКА е направена од ПЕХД профил спирално намотуван на барабан со специфичен дијаметар.

Табела за димензии


Таа ги дава сите технички предности на еквивалентните полиетиленски цевки со полн ѕид со значителна заштеда во тежина дополнувајќи го со многу полесна инсталација и зголемена ефикасност. Нејзината единствена структура нуди ранг на димензии на цевки и различни класи на нестисливост, се зависно од барањата на купувачите.

ПРИМЕНА
Својствата на репроматеријалот и технологијата на производот се комбинирани за да овозможат примена на производ во:

  • Општините за инфраструктурни објекти
  • Индустријата
  • Изградба на патишта
  • Реконструкции

КРУТОСТ НА ЦЕВКИТЕ
Крутоста на цевките е еден од главните параметри за проектирање на гравитационите цевки. Крутоста е изразена во kN/m2 и ја претставува отпорноста на цевките на надворешни оптоварувања, пр. Притисокот на земјата.
Крутоста на КОНТИ КАН СПИРАЛНИТЕ ЦЕВКИ е дефинирана согласно ЕН ИСО 9969 стандардот.
КОНТИ КАН СПИРАЛНИТЕ ЦЕВКИ се произведени за стандардни класи на крутост CH 4 и CH 8.
За замена на нестандардни проекти може да се произведуваат цевки со различни СН вредности, на пр. СН 2 или слично.

СТАНДАРДИ
КОНТИ КАН СПИРАЛНИТЕ ЦЕВКИ се произведени во согласност, EN 13476-3, DIN 16961 стандардот, а ги задоволуваат и соодветните национални стандарди за овој тип на производ во различни земји како што се ASTM F 894; CSA B 182.6 или BNQ 3624-120.

Табела за хемиска отпорност на полиетиленски цевки

Нови производи

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ
ЦЕВКИ ПЕ 100 РЦ
Тип1, Тип2, Тип3
  ПП КАНАЛИЗАЦИСКИ
ЦЕВКИ
ПE 100 РЦ    ПП КАНАЛИЗАЦИСКИ ЦЕВКИ
Logo-IQNet DVGW Logo IGH Logo REGLOGO ExACT logo PAS 5