Цевки за нафтени деривати

Категорија: Гасоводни системи

petrol-gas

Петрол гас – Цевки за нафтени деривати

Кога експлоатационите услови се премногу корозивни за челикот, премногу жешки за обичните ПЕ цевки, кога се бара висока механичка отпорност, кога условите на внатрешната површина стануваат важни со цел да се избегнат талозите...
ПЕ100 – ПЕ100-Х цевките се единствено решение


Материјал

Конти Петрол гас цевката е двослојна цевка со надворешна црна површина изработена од ПЕ100 материјал со коекструдиран внатрешен слој од ПЕ 100-Х (cros linkable) – вкрстен политеилен. ПЕ100-Х слојот се состои од драфт полиетилен и катализатор од 5%.


Стандард

Бидејќи и ПЕ100-Х е во класификацијата на ПЕ100, за полиетиленската ПЕ100 цевка важат истите стандарди како и за класичниот ПЕ односно ЕН 1555 или ИСО 4437 стандардот.


Димензии

ПЕ100-ПЕ100-Х цевките се произведуваат во димензии од 20мм до 250мм
 

Табела со димензии


Боја

  • Надворешен слој – црн со портокалови надолжни линии
  • Внатрешен слој – портокалова боја


Предности на внатрешниот ПЕ 100-Х слој 

  • Одлична отпорност на испарливите органски соединенија од нафтените деривати и нивно спречување за преминување во околината 
  • Заштита на подземните води од онечистување од нафтените деривати
  • Отпорност на екстремни температури 35С до 85С
  • Зголемена хемиска отпорност на цевката
  • Одлична отпорност на абразија

 

Апликација

  • Транспорт на нафтени производи
  • Дистрибуција на гас
  • Специјални индустриски примени
  • Геотермално и градско греење

   

Нови производи

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ
ЦЕВКИ ПЕ 100 РЦ
Тип1, Тип2, Тип3
  ПП КАНАЛИЗАЦИСКИ
ЦЕВКИ
ПE 100 РЦ    ПП КАНАЛИЗАЦИСКИ ЦЕВКИ
Logo-IQNet DVGW Logo IGH Logo REGLOGO ExACT logo PAS 5