Заштита на кабли

Полиетиленските цевки за заштита на кабли, може да бидат:

  • ТЕЛЕКОН - Полиетиленски цевки , ХДПЕ,  надворешно мазни внатрешно назабени со мал дијаметар
  • КОНТИ КАН ДУКТ -Полиетиленси двослојни ребрасти цевки со надворепшно ребраста и внатрешно мазна површина
    • Овие цевки се делат на : 
      • КОНТИ КАН ЕЛЕКТРО ФЛЕКС 450 N
      • КОНТИ КАН ЕЛЕКТРО ФЛЕКС 750  N
      • КОНТИ КАН ОПТИКАЛ

•     ТЕЛЕКОН - Полиетиленски цевки  надворешно мазни внатрешно назабени со мал дијаметар


Овие цевки се користат за поставување на кабелеска канализација, за полагање дирекно во земја. Наменети се пред се за поставување на телекомуникациски кабли со оптички влакна, за коаксијални оптички кабли за кабелски разделни системи и други функциолнални мрежи. Се користат исто така и за провлекување на класични телекомуникациски кабли со помали дијаметри.
Тоа се цевки со мали дијаметри за дирекно провлекување на кабли при полагање во земја. Овие цевки имаат надворешно мазана површина со внатрешно надолжно назабена површина. Се произведуваат во котури со големи должини и до 500 м.

Примена
Овој вид на полиетиленски цевки се користат при изградба на стамбени или индустриски населби и објекти и изградба на инфраструктурни објекти за механичка заштита на најразлични врсти на кабли:
• Телефонски
• Телевизиски
• Оптички

Димензии
• Единични цевки со дијаметри 32; 40 и 50 мм
• Двоцевни цевки со дијаметри 32; 40 и 50 мм
• Четирицевни цевки, составени од две различни димензии; 32 и 40 мм

Спојување на цевките
Цевките за заштита на кабли со мали дијаметри , се спојуват со механички спојки или т.н КОМФИТ спојки, со димензии 32; 40 и 50 мм.

Стандарди
Цевките се направени согласно важечките интернационални стандарди (ЕН 12201; ИСО 4427; ДИН 8074), задоволувајќи ги и техничките барања за телекомуникаците и кабелските изведувачи за употреба на истите како цевководни материјали за нивните мрежата.

Полиетиленска цевка со мал дијаметар за провлекување на кабли

 

•           КОНТИ КАН ДУКТ-   Двослојни ребрасти цевки



Овие цевки служат за заштита или собирници на заштитините цевки, посебно при премини на патишта и мостови. Тоа се двослојни цевки со внатрешна мазна и надворешно ребраста површина.
Се произведуваат во прави цевки од 6 и 12 м или во котури до 50 м.
Цевки со поголеми дијаметри кои се користат за провлекување на сноп цевки за заштита на оптички кабли, да премостат, мост или пат. Се произведуваат во црна, црвена, жолта боја, или друга по нарачка на купувачот.

Материјал
Цевките се изработени од полиетилен висока густина (ПЕ), кој го карактеризираат добри механички и хемиски карактеристики, пријателски за околината, и овозможува економско и долготрајно решавање на проблемите при полагање на каблите.

Ребрастите цевки се спојуваат со класични муфови.

Стандард ЕН 13476-3

Двослојни ребрасти цевки со поголеми дијаметри

Табела за хемиска отпорност на полиетиленски цевки

Нови производи

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ
ЦЕВКИ ПЕ 100 РЦ
Тип1, Тип2, Тип3
  ПП КАНАЛИЗАЦИСКИ
ЦЕВКИ
ПE 100 РЦ    ПП КАНАЛИЗАЦИСКИ ЦЕВКИ
Logo-IQNet DVGW Logo IGH Logo REGLOGO ExACT logo PAS 5