ЈЗУ Општа болница со проширена дејност-Гевгелија доби донација од 100.000 евра од гевгелиската фирма „Конти хидропласт“.
Како што ни изјави директорот на Општата болница, д-р Патрик Матх, оваа значајна донација ќе биде употребена за комплетно инфраструктурно уредување на Интерното одделение во болницата, од самите соби за пациентите и персоналот па се до санитарните јазли. Сите донации, истакна Матх се се за поудобен престој на пациентите , како и за подобри услови за работа на самиот персонал.
Од „Конти хидропласт“ изјавија дека, како одговорна општествена фирма, со особена чест ги донираат овие средства, бидејќи оваа донација е за доброто на сите граѓани, кои се во исто време и пациенти на Општата болница во Гевгелија. Тие упатија и благодарност до директорт Патрик Матх и градоначалникот Андон Сарамандов, кои несебично се залагаат во своето работење за да ги подобрат условите за лечење на граѓаните, преку вакви и слични донации.
