ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Конти Хидропласт има за цел да биде најголем и најквалитетен производител на еколошки цевки во Македонија и пошироко , со превземање на сите мерки за заштита за животната средина и постојана грижа за здравјето и безбедноста на вработените.
Оваа цел ќе ја постигнеме со :
Квалитет на процесите и производите и нивно континуирано подобрување што е задача и одговорност на сите вработени, со цел задоволување на очекувањата на купувачите.
Проширување на капацитетите по количина и асортиман со купување на нови производни линии и развој на нови производи, без опaсност по здравјето на луѓето и загадување на околината. .
Широка промоција на секоја нова технологија или нов производ.
Квалитет по европски стандарди и конкурентски цени
Усогласеност на најновите европски стандарди и регулативи од областа на полиетиленските цевки , законската регулатива за екологијата и заштита при работа.
Квалитетна и навремена испорака, согласно потребната динамика, на задоволство на нашите купувачи.
Соработка со квалитетни добавувачи, заради навремено доставување на квалитетна суровина за производство на квалиетен производ.
Постојана обука и мотивација на вработените за квалитетно и безбедно извршување на својата работа и заштита на животната средина .
Зголемување на профитот како предуслов за бесконечен развој на производните процеси.
Да им дозволиме на нашите потомци да сведочат за успешноста на нашата сегашност
Март 2013 | Конти Хидропласт Генерален директор Борис Маџунков |