![]() |
Клиентите и инженерите го препознаваат полиетиленот како идеален материјал за цевки за многу притисочни и непритисочни намени како што се дистрибуција на вода, гравитациона канализација, реконструкциски проекти и шахти.
Најновиот развој на производството на "Конти Хидропласт" е производството на непритисочни канализациски цевки - Конти Кан спирална цевка и комплетен ранг на Конти Кан спирални фитинзи.
Конти Кан спиралната цевка е спирална структурна цевка од полиетилен со висока густина (ПЕ-ХД), со номинален дијаметар од O 400 - 1.200 мм ОД (надворешен дијаметар). Конти Кан спиралната цевка е направена од ПЕ-ХД профил спирално намотуван на барабан со специфичен дијаметар.
Конти Кан спиралната цевка ги дава сите технички предности на еквивалентните полиетиленски цевки со полн ѕид, со значителна заштеда во тежина, дополнувајќи го со многу полесна инсталација и зголемена ефикасност. Нејзината единствена структура нуди ранг на димензии на цевки и различни класи на нестисливост, во зависност од барањата на купувачите.
Својствата на репроматеријалот и технологијата на производот се комбинирани за да овозможат примена во:
Конти Кан Спирал ги овозможува сите технички предности исто како полиетиленските или полипропиленските цевки со цврст ѕид , единствената разлика е во тоа што Конти Кан Спирал се значително полесни во тежина а со самото тоа и за инсталација, што е финансиски по исплатливо.
Референтни стандарди | Апликација |
ЕН 13476-1:2007
ЕН 13476-2:2007 ЕН 476:2001 ЕН 1610:2002 ЕН 1852-1:1999 ЕНВ 1046:2002 (У) СФС 5906:2004 |
Канализациски системи – отпадни води и комбинирани системи
При изградба на автопати Дренажа на површински води Станбени дренажни системи Индустриски цевоводи Подводни инсталации Реновирања |
Боја – стандардна црна (друга боја по барање на клиентот); Должина - 6м
За поврзување на цевката и елементите со Конти Кан спиралната цевка се применуваат следниве методи: