![]() |
![]() |
Станува збор за цевки изработени од високо квалитетен ПЕ 100-РЦ ( Crack resistant ) кои наоѓаат иста примени како и класичниот ПЕ 100 материјал, со таа разлика што се одликуваат со големата отпорност на гребење и точкасто оптоварување и се користат во специфични и отежнати услови на инсталација каде што се јавува потреба од користење на алтернативни техники на инсталација
Може да бидат изработени како еднослојни 100 % ПЕ 100 РЦ или како повеќеслојни , комбинација на ПЕ 100 со ПЕ 100 РЦ
Се произведуваат според ЕН 12201-2 и дополнителни барња согласно PAS1075
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПЕ-100 РЦ ЦЕВКА
ТИП 1: цевки со полни ѕидови направени ОД ПЕ-100 РЦ
Еднослојни цевки со полни ѕидови направени од ПЕ-100 РЦ како што е дефинирано во ISO 4065.
ТИП 2: ЦЕВКА со димензионално интегриран заштитен слој направен ОД ПЕ-100 РЦ
Двослојните цевки со димензионално интегрирани заштитни слоеви се состојат од ПЕ-100 или ПЕ-100 РЦ и имаат внатрешно коекструдиран заштитен слој направен од ПЕ-100 РЦ.
Трослојните цевки со димензионално интегрирани заштитни слоеви се состојат од ПЕ 100 или ПЕ-100 РЦ и имаат внатрешен и надворешен коекструдиран заштитен слој направен од ПЕ-100 РЦ. Коекструдираните слоеви се заемно нераздвоиво споени со посебна технологија која ги спојува слоевите. Направен од ПЕ-100 РЦ, внатрешниот слој е интегриран како функционален слој во структурата на ѕидот.
ТИП 3: Цевки со димензии според ISO 4065 со димензионално додаден надворешен заштитен слој направен ОД ПП
Цевките со димензиите како што е наведено во ISO 4065 со надворешна заштитна обвивка се состојат од основна цевка направена од ПЕ-100 РЦ/ПЕ 100 еднослојна или двослојна цевка и заштитна обвивка направена од полипропилен. Минималната дебелина на заштитната обвивка е 0.8 мм.
Материјал
Високо квалитетен ПЕ 100-РЦ материјал и ПЕ 100
Стандарди:
ЕН 12201-2 и ПАС 1075
Проектно напрегање: σ=8.0Mpa
Фактор на сигурност: С=1.25
Вода
Гас
Методи на поврзување