ЗА КОНТИ ХИДРОПЛАСТ
Пионерски решенија на цевки за урбан развој
За Нас
Конти Хидропласт е извозно ориентирана македонска компанија, за производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) црева и цевки. Конти Хидропласт е основана во 1975 година во Гевгелија, примарно како мала фабрика за производство на алати и елементи од лиена пластика.
По успешниот старт потпомогнати од искуството здобиено со успешно реализираните проекти на територијата на република македонија, денес нашата компанија е извозно ориентирана, и 95% од нашите производи ги пласираме на меѓународните пазари.
Покрај искуството, за пристап на меѓународите пазари придонесе и големата гама на производи и капацитети со кои сме спремни да одговориме, со врвен и препознатлив квалитет по сите меѓународно признати стандарди.
Нашата моментална производствена програма ги покрива сите полиња на примена, односно цевки и црева за водоводни системи, канализациски системи, ПЕ и ПП шахти, цевки за транспорт на гас и нафтени деривати, цевки и црева за заштита на телекомуникациски кабли, дренажни системи како и фитингарија за истите соодветно димензиите, кои исто така се движат од минимален дијаметар од 12мм па се до 2000мм.
Конти Хидропласт препознатливоста на пазарот ја стекна преку квалитетна понуда и постојана примена на флексибилност во работењето, што е многу важно во индустрија каде што комплексноста на менаџирањето на сите процеси е прилично голема.
Еден од клучните фактори за одржливост покрај големата конкуренција е константното ре-инвестирање во иновативни технологии и стремеж кон генерален технолошки напредок.
Комбинацијата на сите овие клучни фактори придонесе Конти Хидропласт да игра важна улога на домашниот и на странските пазари со постојана присутност на сите значајни и споредни инфраструктурни проекти.
Мисија
Промовирање на нови технологии, придржувајќи се до строги ЕУ стандарди. Со сертифициран квалитет и конкурентни цени, ние целосно ги следиме регулативите и преземаме еколошката одговорност.
Визија
Модерна фабрика која е лидер во регионот за развој и производство на пластични производи за инфраструктурни објекти, во рамките на еколошки безбеден систем со максимална безбедност за сите чинители.
Вредности
Посветено ја предводиме индустријата со висококвалитетни и еколошки цевки, ставајќи приоритет на заштитата на животната средина и безбедноста на вработените.
1990
1994
1996
1998
1999-2000
2002
2003
2004
2006
2008
2009
2011
2013
2014
2015
2016-2017
2018
2019
2020-2021
2022
Почетоци
Конти Хидропласт со производство на цевки започна во 1990 година со една единствена линија за производство на полиетиленски црева, со вкупен број од 10 вработени.
Нови погони и производи
До 1994 година прозводствената програма се зголеми со уште 5 производствени линии и покрај полиетиленските црева и ЛДПЕ цревата , Конти Хидропласт почна да ја проширува својата производствена програма и со нови видови производи како и развој на поширок ранг на димензии.
Со развојот на нови класи на полиетилен (ПЕ) се прошири и употребата на ПЕ цевките за куќни инсталации и притисочни системи. Со употребата на полиетилен од втората генерација како што се ПЕ63 и ПЕ80 започнавме со производство на цевки за домашни инсталации со притисок до 16 бари. Рангот на димензии се зголеми со цевки до Ф 110мм.
Трета генерација
Во 1996 година беа произведени првите цевки од материјал од третата генерација на полиетилен односно ПЕ 100 материјалот.
Ова овозможи цевките да можат да се користат во инсталации со работен притисок од 32 бари.
Оваа година исто така започнавме со производство на цевки за транспорт на гас за употреба во инсталации со работен притисок од 10 бари, како и цевки кои можат да се употребуваат во други индустрии.
Го зголемивме рангот на димензии уште еднаш со тоа што овој пат најголемата димензија беше Ф160мм.
ИСО 9001
Во 1998 година димензиониот ранг повторно е зголемен со нова најголема димензија од Ф250мм. Оваа година Конти Хидропласт се здоби со ИСО 9001 сертификатот за квалитет на менаџмент системот.
Претставништва во странство
Во 1999-2000 Конти Хидропласт почна да се проширува со тоа што ги отвори своите први претставништва во државата како и Србија и Бугарија. Ова проширување застана тука затоа денес Конти Хидропласт има претставништва во сите балкански земји.
Во 2001 може да се каже дека Конти Хидропласт го достигна најголемото проширување на производствените капацитети дотогаш, со набавката на две комплетни екструзиони линии.
Првата екструзиона линија ја прошири палетата на цевки за домашни инсталации со цевки до Ф400мм, додека втората екструзиона линија беше наменета за производство на двослојни полиетиленски цевки за канализација со димензии до Ф315мм. Оваа година како дополнување на ИСО 90010 сертификатот го добивме и ИСО 14001 Сертификат за менаџмент систем за заштита на животната средина.
Нови капацитети
Во 2002 компанијата ги прошири капацитетите и палетата на производи со уште една производствена линија за куќни инсталации како и канализациски цевки со димензии до Ф630мм.
Нови претставништва
Во 2003 година се отворија нови претставништва на компанијата во Албанија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Нов производ
Во 2004 се започна со производство на нов производ, станува збор за спирални цевки за канализација со дјаметар до Ф1200мм.
Нова производствена линија
Во 2006 инсталирана е нова производствена линија за ребрасти двослојни цевки со дијаметар до 1200мм.
Ново зголемување
Во 2008 го зголемивме производствениот капацитет на ребрасти цевки со уште една производствена линија како и со линија за притисочни цевки.
ПП ХМ
Во 2009 Конти Хидропласт ги прошири производствените погони и ја збогати производствената програма со уште еден производ, станува збор за ПП ХМ.
Нова линија и машини
Две нови машини за шприцање за производство на фитинзи за канализација и нова линија за производство на спирална цевка во димензионен ранг од 1300-2000 мм.
Проширување и преуредување
- Проширување на складишниот простор на фабриката со нови површини
- Нова линија за димензии на притисочни цевки до 110 мм
- Нови две машини за перфорација на притисочни цевки
- Целосно преуредување на на просторот околу фабриката
Нова линија за производство
- Нова линија за производство на цевки за притисок до Ф 500 мм
- Реорганизација на производните капцитети и разделување на производството на фитинзи од екструзија
ОД 1000
Замена на линијата ОД 1000 со нова од европско производство до Ф 630 мм и дополнување на производната линиај ИД 1000 со димензија ОД 1000.
Нови набавки
- Набавка на “cross head” екструзиона глава за производство на ПЕ 100 Рц Тип 3- Надворешен заштитн слој (ПЕ или ПП) во димензии од 75-400 мм
- 2016-Набавка на опрема за рециклажа на сопствениот отпад. Капацитет до 250 кг/х
- Набавка на шприц машина со капацитет до 20 кг отпресок
- Набавка на 2 нови скенери , индикатори на ексцентричност уште на почеток на процес.
ОД 315
Замена на базата на најстариот коругатор ( ОД 315) со нова.
Нова хала со три линии за производство
Изградба на нова хала од за проширување на капацитетите за производство
Нови три линии за производство на притисочни цевки:
20-63 со капацитет 300 лкг/ч
63-250 мм со капацитет од 600 кг/ч
250-630 мм со капацитет од 1000 кг/ч
Нова линија за ребрасти цевки и нови машини
Нова високопродуктивна енергетски ефикасна линија за ребрасти цевки со димензионен ранг од 160-315 мм
Подобрување на производниот процес на ребрасти цевки, со унапредување на процесот на заварување на фитинзи, со набавка на три машини за автоматско линиско заварување на фитинзите на цевките .
Две нови хали
Нова високопродуктивна енергетски ефикасна линија за ребрасти цевки со димензионен ранг од 160-315 мм
Подобрување на производниот процес на ребрасти цевки, со унапредување на процесот на заварување на фитинзи, со набавка на три машини за автоматско линиско заварување на фитинзите на цевките .

Во Конти Хидропласт, нашата мисија отсекогаш била јасна: да водиме со иновации, да испорачуваме квалитет според европски стандарди и да бидеме чекор пред конкуренцијата во нашата индустрија. Посветени сме на создавање одржливи решенија, проширување на нови пазари и споделување на знаењето со сите кои сакаат да напредуваат. Заедно градиме не само за денес, туку и за иднината на која следните генерации ќе бидат горди.
Борис Маџунков
Генерален директор

Лазар Вацев

Ангел Стојанов

Дијана Чочкова

Зафир Брзилов

Душко Дојранлиев

Васко Сепетовски

Давид Ризов

Димитар Манџуков

Зорица Лозановска

Гордана Манолева

Костадин Линков

Бојан Георгиев

Ристо Варела

Ана Варела

Пепица Костова

Сања Вацева

Мими Стојанова





