Политика за приватност

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Генерални информации за заштита на приватноста и личните податоци 

Стекнувањето доверба и нејзиното одржување е од суштинско значење за она што ние го работиме.Поради тоа сме навистина посветени на транспарентноста во нашиот однос и примена на практики за приватност. Било кои лични информации и податоци што ќе ни бидат откриени а се сметаат за лични податоци, ќе бидат обработени само доколку за тоа постои законски основ, односно само за конкретна цел и секако со Ваша согласност во случаи кога е тоа неопходно, и затоа Ве покануваме да се вклучите во сите наши активности  со целосна доверба од аспект на заштита на вашите лични  податоци и останати информации кои се од доверлив карактер. Ние не собираме  информации односно лични податоци од деца.

Овој документ е Политика за приватност и истиот може да Ви помогне да ги пронајдете неопходните информации за тоа како Ние  постапуваме со Вашите лични податоци. Ве молиме прочитајте го внимателно и во целост  документот за поточно да дознаете  кои лични податоци ги собираме,односно како ги собираме,за која цел ги користиме, со кого ги споделуваме, колку долго ги чуваме и пред кого ги откриваме Вашите лични податоци. Нашата Политика за приватност редовно ќе се менува или ажурира во согласност со нашите активности и потреби за што ќе бидете благовремено известувани.Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте не директно на: zorical@konti-hidroplast.com.mk.


Информации за контакт на Контролорот

Конти Хидропласт Дооел Гевгелија согласно Законот за заштита на личните податоци (Службен Весник на Р.Северна Македонија бр.42/2020) е во својство на контролор за личните податоци  кои ги обработуваме, освен ако нешто друго во овој документ не е поинаку наведено.

Постојат повеќе начини на кои можете да контактирате со нас, вклучително преку телефон, е-пошта, разговор во живо и објавување. Повеќе детали може да се видат на нашата веб-страница https://www.konti-hidroplast.com.mk/mk

Нашата поштенска адреса е:

 Конти Хидропласт Дооел Гевгелија

ул.Индустриска бр.5

1480 Гевгелија


Детали за контакт на лицето одговорно за заштита на податоци
.

Нашиот овластен службеник за заштита на податоци(Офицер за заштита на личните податоци) можете да го контактирате на електронска пошта zorical@konti-hidroplast.com.mk.или преку нашата поштенска адреса.


Како ги добиваме информациите
и личните податоци кои ги обработуваме?

Повеќето  лични податоци и информации што ги обработуваме ни се дадени директно од Вас заради една од следниве причини:

  • Вие избирате пристап до нашите производи,услуги, и ресурси;
  • Вие доставувате барање за добивање информации до нас;
  • Вие аплициравте за работа кај нас;
  • Вие ја претставувате Вашата организација на состаноци и средби во нашите простории.


Видео надзор

Конти Хидропласт Дооел Гевгелија како контролор на личните податоци врши видео надзор во своите службени простории, магацини,производните погони и дворот.Во таа прилика се обработуваат физичкиот и физиолошкиот изглед во форма на снимки на вработените и посетителите во Конти Хидропласт.Повеке детали за целите за вршење на видео надзорот и категориите на личните податоци кои се обработуваат, ке најдете на нашата веб страница во документот Изјава за приватност при вршење на видео надзор.

Инаку, личните податоци што вообичаено ги собираме се ограничени на видовите информации што обично можат да се најдат на Вашата бизнис картичка, и обично но не исклучиво се однесуваат на:

  • Вашето име и презиме;
  • Наслов/позиција на вашето работно место;
  • Името на компанијата/институцијата во која работите;(само по себе не е личен податок);
  • Вашата службена адреса за е-пошта; и
  • Вашиот телефонски број;


Информации што ги добиваме додека Вие  сами пребарувате  на нашата веб-страница (прелистување на податоци)
:

Покрај видовите информации што Вие сакате да ни ги доставите, ние ги добиваме и следниве технички информации, кои под одредени услови сепак може да се сметаат за лични податоци, самостојно или пак кога се комбинираат со други податоци:

  • IP адреси и / или имиња на домени на компјутери што ги користите кога ги користите нашите услуги;
  • URI (единствен идентификатор на ресурси) адреси на ресурси што ги бара вашиот веб прелистувач;
  • Времето на барање;
  • Методот што го користи вашиот веб прелистувач за поднесување на барањето до серверот;
  • Големината на датотеката добиена во одговорот;
  • Нумеричкиот код што го означува статусот на одговорот од серверот (успешен, грешка, итн.); и
  • Параметри поврзани со оперативниот систем што го користите.


Користење и споделување на Вашите лични податоци.

Било какви лични податоци што ни ги доставувате, се користат од наша страна за да ви ги обезбедиме највисокиот квалитет на нашите услуги и информации наведени во овој документ. Ние никогаш нема да ги продадеме вашите лични податоци на никого, ниту пак неовластено ке ги дадеме на некој друг на користење. Засега, ние не ги споделуваме Вашите лични податоци со трети лица кои би можеле да го олеснат испорачувањето на нашите услуги на пример. Нашиот план за во иднина е да користиме услуга од трети страни за да Ви испраќаме информации за нашите активности и планови за работа, преглед на асортиман на производи и слично, во случај да сте се согласиле за тоа, но ова ќе биде прашање на ажурирана Политика за приватност за што навреме дополнително ќе биде објавено соопштение на нашата веб страница.

Било какви лични податоци што сме ги стекнале за време на вашето користење на нашите услуги се користат само за добивање анонимни статистички информации на нашата веб-страница, како и за проверка на нивното правилно функционирање односно подобрување на квалитетот на нашите услуги. Овие податоци се бришат веднаш по обработката. Ние нема да ги споделуваме Вашите информации односно лични податоци со трети лица заради цели на директен маркетинг освен доколку за тоа немаме Ваша експлицитна согласност.


Вашите права за заштита на личните податоци
:

Според Законот за заштита на личните податоци, Вие имате права за кои треба да Ве информираме. Правата што Ви се достапни зависат од целта, односно  причината за обработка на Вашите лични податоци. Повеќе информации со ова тема можете да најдете на веб страницата на Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk односно да поставите прашање до нашиот Офицер за заштита на личните податоци на  zorical@konti-hidroplast.com.mk или до надлежниот државен орган, односно регулаторно тело на info@privacy.mk. Во продолжение ќе ги најдете основните односно базичните информации во врска со споменатите права:


 1. Право на пристап

Имате право да побарате од нас копии од вашите лични податоци. Ова право секогаш се применува. Постојат некои исклучоци, според законот, што значи дека не секогаш може да ги добивате сите информации што ги обработуваме.


 2. Право на исправка

Имате право да побарате од нас да ги исправиме информациите што мислите дека не се точни. Вие исто така имате право да побарате од нас да ги комплетираме информациите што мислите дека се нецелосни. Ова право секогаш се применува.


3. Право на бришење

Имате право да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци во одредени околности. Ова право се применува само под одредени услови согласно закон.


4. Право на ограничување на обработката

Имате право да побарате од нас да ја ограничиме, односно прекинеме обработката на вашите лични податоци во одредени околности согласно со законот.


5. Право да се спротивставувате(барање да се прекине целосно со обработката) на обработката.

Имате право да се спротивставувате на обработка само доколку  обработката на  Вашите лични податоци не претставува дел од нашите законски обврски или е во наш легитимен интерес.


6. Право на преносливост на податоци

Ова се однесува само на информациите што Вие ни ги давате. Вие имате право да побарате да ги пренесеме информациите, односно личните податоци што ни ги давате од една во друга организација(контролор) или да Ви ги дадеме Вам. Правото се применува само ако обработуваме лични податоци засновани на ваша согласност, или во процес за склучување договор во вие самите сте едната страна  односно доколку обработката е автоматизирана или ако ги обработуваме вашите информации за цели на спроведување на законски обврски од домен на кривичното право и постапка.

Од Вас нема да се бара да платите никаква такса,односно надомест за остварување на горенаведените права, освен кога тоа во зависност од Вашето барање е поврзано со особено голем број на операции или активности поврзани со фискални импликации за што ќе бидете однапред информирани.Во врска со напред наведеното предвидени се одредени исклучоци и согласно Законот за заштита на личните податоци.За остварување на Вашите права, согласно посочениот пропис,односно постапување по Ваше Барање,согласно законот  имаме рок од еден месец за одговор.


7. Право да се жалите (Право на приговор)

Ние работиме со високи стандарди кога станува збор за обработка на Вашите лични информации, сепак доколку  имате било какви прашања или проблеми, контактирајте не на  zorical@konti-hidroplast.com.mk и ние ќе одговориме.

Ако сепак во било кој случај останете незадоволни, можете да поднесете жалба за начинот на кој ги обработуваме Вашите лични информации до Агенцијата за заштита на личните податоци на info@privacy.mk
DVGW
IQNET
IGH
Image
BULGARKONTROLA
MIRTEC
VUPS
GUVERNUL ROMANIA
MPA
QUALITY AUSTRIA
Производна програма
Новости
За компанијата
Заштита на лични податоци