За компанијата

about company1

Конти Хидропласт е извозно ориентирана македонска компанија, за производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) црева и цевки. Конти Хидропласт е основана во 1975 година во Гевгелија, примарно како мала фабрика за производство на алати и елементи од лиена пластика.

По успешниот старт потпомогнати од искуството здобиено со успешно реализираните проекти на територијата на република македонија, денес нашата компанија е извозно ориентирана, и 95% од нашите производи ги пласираме на меѓународните пазари.

Покрај искуството, за пристап на меѓународите пазари придонесе и големата гама на производи и капацитети со кои сме спремни да одговориме, со врвен и препознатлив квалитет по сите меѓународно признати стандарди.

Нашата моментална производствена програма ги покрива сите полиња на примена, односно цевки и црева за водоводни системи, канализациски системи, ПЕ и ПП шахти, цевки за транспорт на гас и нафтени деривати, цевки и црева за заштита на телекомуникациски кабли, дренажни системи како и фитингарија за истите соодветно димензиите, кои исто така се движат од минимален дијаметар од 12мм па се до 2000мм.

Конти Хидропласт препознатливоста на пазарот ја стекна преку квалитетна понуда и постојана примена на флексибилност во работењето, што е многу важно во индустрија каде што комплексноста на менаџирањето на сите процеси е прилично голема.

Еден од клучните фактори за одржливост покрај големата конкуренција е константното ре-инвестирање во иновативни технологии и стремеж кон генерален технолошки напредок.

Комбинацијата на сите овие клучни фактори придонесе Конти Хидропласт да игра важна улога на домашниот и на странските пазари со постојана присутност на сите значајни и споредни инфраструктурни проекти.

Хронологија

Конти Хидропласт со производство на цевки започна во 1990 година со една единствена линија за производство на полиетиленски црева, со вкупен број од 10 вработени.

До 1994 година прозводствената програма се зголеми со уште 5 производствени линии и покрај полиетиленските црева и ЛДПЕ цревата , Конти Хидропласт почна да ја проширува својата производствена програма и со нови видови производи како и развој на поширок ранг на димензии.

Со развојот на нови класи на полиетилен (ПЕ) се прошири и употребата на ПЕ цевките за куќни инсталации и притисочни системи. Со употребата на полиетилен од втората генерација како што се ПЕ63 и ПЕ80 започнавме со производство на цевки за домашни инсталации со притисок до 16 бари. Рангот на димензии се зголеми со цевки до Ф 110мм.

Во 1996 година беа произведени првите цевки од материјал од третата генерација на полиетилен односно ПЕ 100 материјалот.

Ова овозможи цевките да можат да се користат во инсталации со работен притисок од 32 бари.

Оваа година исто така започнавме со производство на цевки за транспорт на гас за употреба во инсталации со работен притисок од 10 бари, како и цевки кои можат да се употребуваат во други индустрии.

Го зголемивме рангот на димензии уште еднаш со тоа што овој пат најголемата димензија беше Ф160мм.

Во 1998 година димензиониот ранг повторно е зголемен со нова најголема димензија од Ф250мм. Оваа година Конти Хидропласт се здоби со ИСО 9001 сертификатот за квалитет на менаџмент системот.

Во 1999-2000 Конти Хидропласт почна да се проширува со тоа што ги отвори своите први претставништва во државата како и Србија и Бугарија. Ова проширување застана тука затоа денес Конти Хидропласт има претставништва во сите балкански земји.

Во 2001 може да се каже дека Конти Хидропласт го достигна најголемото проширување на производствените капацитети дотогаш, со набавката на две комплетни екструзиони линии.

Првата екструзиона линија ја прошири палетата на цевки за домашни инсталации со цевки до Ф400мм, додека втората екструзиона линија беше наменета за производство на двослојни полиетиленски цевки за канализација со димензии до Ф315мм. Оваа година како дополнување на ИСО 90010 сертификатот го добивме и ИСО 14001 Сертификат за менаџмент систем за заштита на животната средина.

Во 2002 компанијата ги прошири капацитетите и палетата на производи со уште една производствена линија за куќни инсталации како и канализациски цевки со димензии до Ф630мм.

Во 2003 година се отворија нови претставништва на компанијата во Албанија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Во 2004 се започна со производство на нов производ, станува збор за спирални цевки за канализација со дјаметар до Ф1200мм.

Во 2006 инсталирана е нова производствена линија за ребрасти двослојни цевки со дијаметар до 1200мм.

Во 2008 го зголемивме производствениот капацитет на ребрасти цевки со уште една производствена линија како и со линија за притисочни цевки.

Во 2009 Конти Хидропласт ги прошири производствените погони и ја збогати производствената програма со уште еден производ, станува збор за ПП ХМ

Нашите планови за понатамошни инвестиции се однесуваат на подобрување на производствените процеси на сите нивоа со инсталирање на линии за рециклирање. Ние веруваме во квалитет, затоа нашето дејствување е насочено кон континуирано подобрување, со тоа што финалниот исход секогаш ќе биде задоволството на клиентите.

about company2

Нови производи

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ
ЦЕВКИ ПЕ 100 РЦ
Тип1, Тип2, Тип3
  ПП КАНАЛИЗАЦИСКИ
ЦЕВКИ
ПE 100 РЦ    ПП КАНАЛИЗАЦИСКИ ЦЕВКИ
Logo-IQNet DVGW Logo IGH Logo REGLOGO ExACT logo PAS 5