Последни новости

Меѓународен саем за градежништво

Објавено на 07 Април 2015

Почитувани клиенти,

Ве покануваме да не посетите на Меѓународниот саем за градежништво во Белград, кој ќе се одржи од 15-19 Април 2015-та година.

На изложбениот простор 2132 во Хала-2 ниво-Б ќе изложиме производи од стандардната производствена програма на Конти Хидропласт и Интер Констракшн.

Покрај стандардната производствена програма, ќе ги промовираме и најновите еколошки производи од полиетилен и полипропилен, произведени по најновите технологии со сите важечки интернационални стандарди за квалитет.

 

Публикација

Објавено на 07 Април 2015

Комората на овластени инжињери на Република Македонија , своето редовно издание на списанието ПРЕСИНГ, бројот 23, го посвети на правилното искористување на изворите на енергија и понудените мерки за енергетска ефикасност, кои ќе доведат до ценовна стабилност и сигурност во снабдувањето со енергија.
Во овој број може да ја прочитате статијата на Дипл. инжињер технолог на Конти Хидропласт, г-ѓа Гордана Манолева , посветена на "Производството на цевки за транспорт на гас"

(страна 60-64)

 

Енергетска ефикасност

Објавено на 14 Мај 2012

 alt

 За целото постоење на Конти Хидропласт како извозно ориентирана компанија, покрај грижата за клиентите, квалитетот на понудата  и производите, ние исто така сме фокусирани и на грижа за околината во која што живееме, и тоа се со цел истата да се зачува за идните генерации.

Покрај тоа што сме една од првите компании во Македонија која ги има имплементирано сите релевантни дозволи и сертификати за животна средина и функционираме во согласност со националното законодавство по основ на здравје и безбедност, се трудиме континуирано да се подобруваме во оваа насока.

Последна новост од оваа област се однесува на неодамна завршениот проект  за енергетска ефикасност поддржан од Европската банка за реконструкција и развој односно WebSEFF. Овој проект имаше за цел да ја минимизира потрошувачката на електрична енергија преку обнова и замена на енергетски не ефикасната механизација ви процесите на производство.

По завршницата на проектот согласно условите коефициентот на енергетска заштеда треба да биде поголем од 20%, а во нашиот случај тој изнесува 42.42%.

Како главни резултати кои придонесуваат за зачувување на енергијата и природните ресурси во однос на проектот  покрај заштедата на електрична енергија се земаат и следните

-намалување на создавање отпад

-намалување на трошоците за тековна работа и одржување

-намалување на емисијата на CO2

Покрај овој проект во иднина планраме да превземаме уште поголеми чекори во однос на зачувување и унапредување на животната средина со што се придржуваме на политиката за животна средина и социјална одговорност.

 

Нови производи

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ
ЦЕВКИ ПЕ 100 РЦ
Тип1, Тип2, Тип3
  ПП КАНАЛИЗАЦИСКИ
ЦЕВКИ
ПE 100 РЦ    ПП КАНАЛИЗАЦИСКИ ЦЕВКИ
Logo-IQNet DVGW Logo IGH Logo REGLOGO ExACT logo PAS 5