Timeline

Конти Хидропласт е извозно ориентирана македонска компанија, за производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) црева и цевки. Конти Хидропласт е основана во 1975 година во Гевгелија, примарно како мала фабрика за производство на алати и елементи од лиена пластика.

Image

Хронологија

1990 година

Почетоци

Конти Хидропласт со производство на цевки започна во 1990 година со една единствена линија за производство на полиетиленски црева, со вкупен број од 10 вработени.

1990 година

1994 година

Нови погони и производи

До 1994 година прозводствената програма се зголеми со уште 5 производствени линии и покрај полиетиленските црева и ЛДПЕ цревата , Конти Хидропласт почна да ја проширува својата производствена програма и со нови видови производи како и развој на поширок ранг на димензии.

Со развојот на нови класи на полиетилен (ПЕ) се прошири и употребата на ПЕ цевките за куќни инсталации и притисочни системи. Со употребата на полиетилен од втората генерација како што се ПЕ63 и ПЕ80 започнавме со производство на цевки за домашни инсталации со притисок до 16 бари. Рангот на димензии се зголеми со цевки до Ф 110мм.

1996 година

Трета генерација

Во 1996 година беа произведени првите цевки од материјал од третата генерација на полиетилен односно ПЕ 100 материјалот.

Ова овозможи цевките да можат да се користат во инсталации со работен притисок од 32 бари.

Оваа година исто така започнавме со производство на цевки за транспорт на гас за употреба во инсталации со работен притисок од 10 бари, како и цевки кои можат да се употребуваат во други индустрии.

Го зголемивме рангот на димензии уште еднаш со тоа што овој пат најголемата димензија беше Ф160мм.

1996 година

1998 година

ИСО 9001

Во 1998 година димензиониот ранг повторно е зголемен со нова најголема димензија од Ф250мм. Оваа година Конти Хидропласт се здоби со ИСО 9001 сертификатот за квалитет на менаџмент системот.

1999-2000 година

Претставништва во странство

Во 1999-2000 Конти Хидропласт почна да се проширува со тоа што ги отвори своите први претставништва во државата како и Србија и Бугарија. Ова проширување застана тука затоа денес Конти Хидропласт има претставништва во сите балкански земји.

Во 2001 може да се каже дека Конти Хидропласт го достигна најголемото проширување на производствените капацитети дотогаш, со набавката на две комплетни екструзиони линии.

Првата екструзиона линија ја прошири палетата на цевки за домашни инсталации со цевки до Ф400мм, додека втората екструзиона линија беше наменета за производство на двослојни полиетиленски цевки за канализација со димензии до Ф315мм. Оваа година како дополнување на ИСО 90010 сертификатот го добивме и ИСО 14001 Сертификат за менаџмент систем за заштита на животната средина.

1999-2000 година

2002 година

Нови капацитети

Во 2002 компанијата ги прошири капацитетите и палетата на производи со уште една производствена линија за куќни инсталации како и канализациски цевки со димензии до Ф630мм.

2003 година

Нови претставништва

Во 2003 година се отворија нови претставништва на компанијата во Албанија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

2003 година

2004 година

Нов производ

Во 2004 се започна со производство на нов производ, станува збор за спирални цевки за канализација со дјаметар до Ф1200мм.

2006 година

Нова производствена линија

Во 2006 инсталирана е нова производствена линија за ребрасти двослојни цевки со дијаметар до 1200мм.

2006 година

2008 година

Ново зголемување

Во 2008 го зголемивме производствениот капацитет на ребрасти цевки со уште една производствена линија како и со линија за притисочни цевки.

2009 година

ПП ХМ

Во 2009 Конти Хидропласт ги прошири производствените погони и ја збогати производствената програма со уште еден производ, станува збор за ПП ХМ

2009 година

Нашите планови за понатамошни инвестиции се однесуваат на подобрување на производствените процеси на сите нивоа со инсталирање на линии за рециклирање. Ние веруваме во квалитет, затоа нашето дејствување е насочено кон континуирано подобрување, со тоа што финалниот исход секогаш ќе биде задоволството на клиентите.
DVGW
IQNET
IGH
Image
BULGARKONTROLA
MIRTEC
VUPS
GUVERNUL ROMANIA
MPA
QUALITY AUSTRIA
Production programme
Latest news
About us
Personal data protection