Изјава за приватност при вршење видео надзор

ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НАДЗОР

 Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што ТДПТУ Конти Хидропласт ДООЕЛ (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.

1.  Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?

Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):

  • Да се контролира пристапот до објектот (зграда, влез, дворно место...) и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
  • За да се спречи, одврати и доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и
  • Да се спречи, открие и да се испита уништување, кражба на опрема, средства и производи во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: повреда при работа, пожар, физички напад)

Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места.

Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци (Во исклучителни околности, податоците можат да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).

Камерите за видеонадзор се инсталираат на сите локации/објекти во сопственост на Друштвото/Контролорот и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот.

Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на:

  • Дворното место (имотот) на Друштвото
  • Влезови,
  • Портирници,
  • Влезови во објекти,
  • Внатрешни сообраќајници,
  • Внатрешни паркинзи за моторни возила,
  • Производствени погони.

2.  Какви податоци собира Контролорот?

Контролорот собира само слики фатени на камерите, при шти не се врши тонско снимање.

3.  Кој е одговорен за обработката на податоците?

Контролорот е субјект кое ја врши обработката на личните податоци и кој ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа пристап до камерите имаат:Администраторот на информацискиот систем и Раководителот на производство-овластено лице за вршење обработка на лични податоци кои имаат потпишано Изјава за тајност и заштита на личните податоци.

4.  Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?

Контролорот користи опрема за видеонадзор за (да се наведе една или повеќе од наведените цели):

  • Заштита на сопственоста;
  • Заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата; или
  • Обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службенте или деловните простории и дворното место;

Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.

Покрај тоа, на влезот на ТДПТУ Конти Хидропласт ДООЕЛ, има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.

5.  Кој може да ги види моите личните податоци?

До видеозаписите може да пристапат: Администраторот на информацискиот систем и Раководителот на производство-овластено лице за вршење обработка на лични податоци, кои имаат потпишано изјава за тајност и заштита на личните податоци и имаат овластување.

Пристапот до серверот на кој се чуваат видеозаписите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или активност од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видеозаписите кои се чуваат на серверот до 7 (седум) дена пристап има само Администраторот.

6.  Како да ги контролирате вашите податоци?

Може да испратите барање на е-пошта на zorical@konti-hidroplast.com.mk или преку пошта на адреса: ТДПТУ Конти Хидропласт ДООЕЛ, Индустриска бр.5,Гевгелија, со назнака: за Офицерот за заштита на лични податоци.

7.  Можам ли да пристапам до моите податоци?

Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање преку пошта до: ТДПТУ Конти Хидропласт ДООЕЛ, Индустриска бр.5,Гевгелија со назнака: за Офицерот за заштита на лични податоци, или преку е-пошта до zorical@konti-hidroplast.com.mk.

8.  Можам ли да ги менувам моите податоци?

Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.

9.  Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?

Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање преку пошта до: ТДПТУ Конти Хидропласт ДООЕЛ, Индустриска бр.5,Гевгелија со назнака: за Офицерот за заштита на лични податоци, или преку е-пошта до: zorical@konti-hidroplast.com.mk , кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработката и кога работењето е незаконско и вие се спротиставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.

10.  Дали можам да ги избришам моите податоци?

Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање преку пошта до: ТДПТУ Конти Хидропласт ДООЕЛ, Индустриска бр.5,Гевгелија, со назнака: за Офицерот за заштита на лични податоци, или преку е-пошта до: zorical@konti-hidroplast.com.mk , кога обработката е незаконска.

11. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?

Вашите лични податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.

12. Дали имам право на приговор?

Да, имате право на приговор и да се спротиставите на обработката во било кое време со испраќање на барање преку пошта до: ТДПТУ Конти Хидропласт ДООЕЛ, Индустриска бр.5,Гевгелија со назнака: за Офицерот за заштита на лични податоци, или преку е-пошта до: zorical@konti-hidroplast.com.mk, кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

13. Што можам да направам во случај на проблем?

а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до Офицерот за заштита на лични податоци на меил: zorical@konti- hidroplast.com.mk и да побарате да преземе акција.

б) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.

14. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?

Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите локациите, објектите и просториите на Контролорот.

15. Безбедност на личните податоци.

Контролорот е посветен на заштита на личните податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат личните податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме податоците на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.

16. Колку долго ги чуваме податоците?

Контролорот ќе ги чува личните податоци максимално до 7 (седум) календарски денови по посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.

DVGW
IQNET
IGH
Image
BULGARKONTROLA
MIRTEC
VUPS
GUVERNUL ROMANIA
MPA
QUALITY AUSTRIA
Производна програма
Новости
За компанијата
Заштита на лични податоци