Image
Image

За да се овозможи контрола и одржување на канализациските системи, шахтите се составен дел од истите. Тие се воглавно инсталирани на позиција со колено, редуцир, или друг разгранет фитинг.

Шахтите се направени од PE материјал, поради компатибилност со полиетеиленските цевки.

Се изработуваат по технологија на ROTOMOLDING или со фабрикување на КОНТИ КАН СПИРАЛНИ ЦЕВКИ. Независно од технологијата на изработка на шахтите даваат компактен систем за канализација.

Image
Image

ТИПОВИ НА ШАХТИ:

  • Стандардни шахти
    Овој тип на шахти се поставени централно над цевката. Поради статичка и сигурносни причини овој тип на шахти е препорачлив само ако дијаметарот на цевката е помал или еднаков на дијаметарот на шахтата.
    Можат да бидат со два или три влеза. Нормално базата на овие шахти е DN800 и DN1000

  • Ревизиони шахти
    Овој тип на шахта е поставена тангенцијално во однос на цевката, што значи поместено од средината. Ова е причината зошто со користење на овој тип со стандардни дијаметри DN1000 можат да се користат цевки со поголеми дијаметри.

  • Специјални шахти
    Ако е неопходно специјалан конструкција (нестандардна) на шахтата, во тој случај можат да се фабрикуваат од КОНТИ КАН СПИРАЛНИ ЦЕВКИ со влезови и излези проектирани со КОНТИ КАН цевки.

Сите овие шахти се изработуваат во висини според барањата на купувачите и имаат специјално дизајнирани полиетиленски капаци

Стандарди
ПЕ шахтите се произведуваат согласно EN13598-1, EN 124:1994 и EN1610

Спојни елементи
Шахтите со цевките се спојуваат со цела лепеза спојни елементи фабрикувани од КОНТИ КАН Цевки.

DVGW
IQNET
IGH
Image
BULGARKONTROLA
MIRTEC
VUPS
GUVERNUL ROMANIA
MPA
QUALITY AUSTRIA
Производна програма
Новости
За компанијата
Заштита на лични податоци