Производна програма

Image

Продуктите на Конти Хидропласт нашироко се применуваат во индустриските и соодветните пазари на светско ниво.

Транспортот на вода и гас се важни елементи кога станува збор за производите со висок интегритет, каде што одржувањето на квалитетот на водата и безбедниот транспорт на гасовидните горива се од огромно значење.

Во групата индустриски системи (апликации) припаѓаат и алтернативните енергетски системи од гасоводите до транспорт на отпадни води и минерали.

Производите имаат широка примена при монтажата на цевководи, поправка и одржување.

Многу од продуктите на Конти Хидропласт имаат долга листа на иновации во задоволувањето на потребите при искористување на гасот или на водата.

Како еден од најважните водачи во производството на полиетиленски цевки, Конти Хидропласт секојдневно ја подобрува и осовременува својата понуда за да ги задоволи сè поголемите потреби на тој сектор, обезбедувајќи си ја лидерската позиција на европско ниво во производство на системи за одржување и дистрибуција на гас и вода.

Производната програма  на Конти Хидропласт ја сочинуваат  производи за цевководни системи од групата на полиолефински материјали:

  • Полиетилен
  • Полипропилен

Полиетиленските производи се достапни за различни апликации :

  • ВОДОВОД
  • КАНАЛИЗАЦИЈА И ДРЕНАЖА
  • ГАС
  • ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

Полипропиленските производи се достапни за :

  • ВОДОВОД – ТОПЛА-ЛАДНА ВОДА
  • КАНАЛИЗАЦИЈА И ДРЕНАЖА

DVGW
IQNET
IGH
Image
BULGARKONTROLA
MIRTEC
VUPS
GUVERNUL ROMANIA
MPA
QUALITY AUSTRIA
Производна програма
Новости
За компанијата
Заштита на лични податоци