Бојата на цевките e црна со бел внатрешен слој и коекструдирани сини линии или сина со внатрешен бел слој.
Рангот на дијаметрите е од DN/OD φ16мм до DN/OD φ800мм со работен притисок од PN6 до PN 32 bar.
Цевките од рангот DN/OD φ 16-110mm се лесно свитливи и може да се складираат и транспортираат во вид на котори со различни должини, што овозможува минимизирање на потребата од фитинзи и го скратува времето за инсталација.
Цевките од рангот DN/OD φ 125-800mm се изработуваат во прави цевки од 6 или 12м.
Општи карактеристики на полиетиленските цевки:
- Ниска специфична тежина
- Флексибилност
- Добра хемиска отпорност
- Одлична можност за заварување
- Одлична отпорност на придвижување на земјиштето
- Мазна внатрешна површина без можност за формирање наслаги
- Соодветна за вода за пиење
- Долг животен век (повеќе од 50год.)
- 100% можност за рециклирање
Апликација:
- Водоводни системи
- Транспорт на Гас
- Канализациски системи
- Системи за наводнување
- Заштита на оптички кабли