Конти Хидропласт е извозно ориентирана македонска компанија, за производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) црева и цевки. Конти Хидропласт е основана во 1975 година во Гевгелија, примарно како мала фабрика за производство на алати и елементи од лиена пластика.
По успешниот старт потпомогнати од искуството здобиено со успешно реализираните проекти на територијата на република македонија, денес нашата компанија е извозно ориентирана, и 95% од нашите производи ги пласираме на меѓународните пазари.
Покрај искуството, за пристап на меѓународите пазари придонесе и големата гама на производи и капацитети со кои сме спремни да одговориме, со врвен и препознатлив квалитет по сите меѓународно признати стандарди.
Нашата моментална производствена програма ги покрива сите полиња на примена, односно цевки и црева за водоводни системи, канализациски системи, ПЕ и ПП шахти, цевки за транспорт на гас и нафтени деривати, цевки и црева за заштита на телекомуникациски кабли, дренажни системи како и фитингарија за истите соодветно димензиите, кои исто така се движат од минимален дијаметар од 12мм па се до 2000мм.
Конти Хидропласт препознатливоста на пазарот ја стекна преку квалитетна понуда и постојана примена на флексибилност во работењето, што е многу важно во индустрија каде што комплексноста на менаџирањето на сите процеси е прилично голема.
Еден од клучните фактори за одржливост покрај големата конкуренција е константното ре-инвестирање во иновативни технологии и стремеж кон генерален технолошки напредок.
Комбинацијата на сите овие клучни фактори придонесе Конти Хидропласт да игра важна улога на домашниот и на странските пазари со постојана присутност на сите значајни и споредни инфраструктурни проекти.
МИСИЈА
- Постојан развој на нови производи и технологии
- Секогаш чекор пред конкуренцијата
- Широка промоција на секоја нова технологија или нов производ
- Квалитет по европски стандарди
- Конкурентски цени
- Секогаш двигатели за прифакање на европските стандарди и регулативи од областа на полиетиленските цевки, екологија и заштита при работа во Северна Македонија
- Сертифицирање согласно сите врвни меѓународно признаени сертификати за производ и огранизација
- Имплементација на секој нов стандард од областа на екологијата и заштита при работа
- Проширување на пазарот со отварање на свои овластени продажни претставништва
- Освојување на нови пазари
- Пренесување на знењето на сите заинтересирани преку размена на интерни информации
- Редовно анализа на поставените цели и поставување на нови
- Дефинирање на сите ризици и активности за нивно намалување
ВИЗИЈА
Модерна фабрика-лидер во регионот за развој и производство на пластични производи за инфракструктурни објекти , во рамките на еколошки безбеден систем со максимална безбедност за сите заинтересирани страни.
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Конти Хидропласт има за цел да биде најголем и најквалитетен производител на еколошки цевки во Северна Македонија и пошироко, со превземање на сите мерки за заштита за животната средина и постојана грижа за здравјето и безбедноста на вработените.
Оваа цел ќе ја постигнеме со:
- Квалитет на процесите и производите и нивно континуирано подобрување што е задача и одговорност на сите вработени, со цел задоволување на очекувањата на купувачите.
- Проширување на капацитетите по количина и асортиман со купување на нови производни линии и развој на нови производи, без опaсност по здравјето на луѓето и загадување на околината.
- Широка промоција на секоја нова технологија или нов производ.
- Квалитет по европски стандарди и конкурентски цени.
- Усогласеност на најновите европски стандарди и регулативи од областа на полиетиленските цевки, законската регулатива за екологијата и заштита при работа.
- Квалитетна и навремена испорака, согласно потребната динамика, на задоволство на нашите купувачи.
- Соработка со квалитетни добавувачи, заради навремено доставување на квалитетна суровина за производство на квалитетен производ.
- Постојана обука и мотивација на вработените за квалитетно и безбедно извршување на својата работа и заштита на животната средина.
- Зголемување на профитот како предуслов за бесконечен развој на производните процеси.
Да им дозволиме на нашите потомци да сведочат за успешноста на нашата сегашност.