ТД Конти Хидропласт ДООЕЛ Гевгелија е претпријатие основано од господинот Димитар Маџунков.
Претпријатието со голем ентузијазам и определеност на сопственикот за настап на пазарот на основа на претприемништвото, формирано е во 1975 година со основна дејност за производство на алати за шприцање на производи од ПВЦ, ПЕ И ПА и производство на шприцани производи од ПВЦ, ПЕ, ПА.
Во периодот од формирањето до денес претпријатието континуирано се развива освојувајќи нови технологии и производи.
Хронологија
1990 година
Почетоци
Во 1990 како прва фабрика во Македонија Конти Хидропласт успешно воведува технологија за екструдирање на црева и цевки од ПЕ и ПП. Производството го започнува со цевки за водоводни системи на основа на ПЕ со ниска густина. Во натамошниот период Конти Хидропласт се определува за развој на производство на црева и цевки од ПЕ со висока густина од втората генерација на полиетилени: ПЕ 63, ПЕ 80 и од третата генерација: ПЕ 100.
1990 година
1993 година
Оптички телекомуникациски кабли
Во 1993 година година Конти Хидропласт воведе производство на црева и цевки за полагање на оптички телекомуникациски кабли кои овозможуваат непрекинато продувавање до 3000 метри.
1995 година
Природен гас
Во 1995 година Конти Хидропласт започна развој за усвојување на технологија за производство на црева и цевки за развод на природен гас.
1995 година
1996 година
Трета генерација ПЕ 100
Во 1996 година Конти Хидропласт воведе во производство црева и цевки од третата генерација на ПЕ 100, со што го достигна технолошкиот напредок на западната технологија.
Конти Хидропласт произведува црева и цевки за повеќе наменска примена и тоа за:
- регионални и градски водоводи,
- куќни водоводни инсталации,
- топловодни системи,
- транспортни системи за разни материјали и флуиди,
- транспортни системи за агресивни флуиди од хемиската индустрија,
- заштита на оптички кабли во телекомуникациските системи,
- сиситеми за наводнување и одводнување,
- системи капка по капка,
- гасоводни системи за природен гас и други намени.
Производниот асортиман на црева и цевки е широк и опфаќа цевки и црева со надворешен дијаметар од Ф 16 мм до Ф 630 мм за работен надпритисок до 32 бари.
Цевките и цревата на Конти Хидропласт се со препознатлив висок квалитет и ги задоволуваат барањата на стандардот за црева и цевки ЕН 12201-3.
Во 1996 година Конти Хидропласт отпочна со развој на изведба на системи по системот на целосен инжинеринг.
Инжинерингот опфаќа:
- проектирање,
- набавка на спојни елементи за ситеми кои Конти Хидропласт не ги произведува
- изведување на системи,
- функционална проверка на системи,
- пуштање и предавање во употреба на системи,
- сервисирање на системите во гарантниот рок,
- сервисирање на системите после гарантниот рок.
2000 година
Двослојни ребрасти цевки
Од 2000 година како резултат на испитување на пазарот започна со пробно производство на двослојни ребрасти цевки за канализација (фекална, атмосферска, дренажа, за телекомуникации, електродистрибуција...) за да веќе во тековната 2001 година се набави коmплетна технологија и се стартува редовно производство на овој производ "КОНТИ КАН" до димензија 315 мм.
2000 година
2002 - 2003 година
Двослојна притисочна водоводна цевка
2003 година
Нови претставништва
2003 година
2004 година
Спирална цевка
2006 година
Нова производна линија
Нова производна линија за ребрасти двослојни цевки до 1200 мм. Асортиманот на производите се зголеми со производство на спојни елементи за цевките од целиот производен асортиман.
2006 година
2008 година
Зголемување на производството
Зголемување на капацитет за производство на ребрасти цевки со нова производна линија и нова производна линија за притисочни цевки .
2009 година
Нова линија и складишен простор
Нова производна линија за производство на притисочни полиетиленски цевки до 800 мм и целосно изграден нов складишен простор за цевки.
2009 година
2010 година
ППХМ Двослојни цевки
Две нови линии за производство на ППХМ двослојни цевки во димензионен ранг од ИД 200 до ИД 1200 мм
2011 година
Нова линија и машини
Две нови машини за шприцање за производство на фитинзи за канализација и нова линија за производство на спирална цевка во димензионен ранг од 1300-2000 мм.
2011 година
2013 година
Проширување и преуредување
- Проширување на складишниот простор на фабриката со нови површини
- Нова линија за димензии на притисочни цевки до 110 мм
- Нови две машини за перфорација на притисочни цевки
- Целосно преуредување на на просторот околу фабриката
2014 година
Нова линија за производство
- Нова линија за производство на цевки за притисок до Ф 500 мм
- Реорганизација на производните капцитети и разделување на производството на фитинзи од екструзија
2014 година
2015 година
ОД 1000
2016 - 2017 година
Нови набавки
- Набавка на “cross head” екструзиона глава за производство на ПЕ 100 Рц Тип 3- Надворешен заштитн слој (ПЕ или ПП) во димензии од 75-400 мм
- 2016-Набавка на опрема за рециклажа на сопствениот отпад. Капацитет до 250 кг/х
- Набавка на шприц машина со капацитет до 20 кг отпресок
- Набавка на 2 нови скенери , индикатори на ексцентричност уште на почеток на процес.
2016 - 2017 година
2018 година
ОД 315
2019 година
Две нови хали
2019 година
2020 - 2021 година
Нова хала со три линии за производство
Изградба на нова хала од за проширување на капацитетите за производство
Нови три линии за производство на притисочни цевки:
20-63 со капацитет 300 лкг/ч
63-250 мм со капацитет од 600 кг/ч
250-630 мм со капацитет од 1000 кг/ч
2022 година
Нова линија за ребрасти цевки и нови машини
Нова високопродуктивна енергетски ефикасна линија за ребрасти цевки со димензионен ранг од 160-315 мм
Подобрување на производниот процес на ребрасти цевки, со унапредување на процесот на заварување на фитинзи, со набавка на три машини за автоматско линиско заварување на фитинзите на цевките .
2022 година