Конти кан спирал PE/ID

Image
Image

Клиентите и инженерите го препознаваат полиетиленот како идеален материјал за цевки за многу притисочни и непритисочни намени како што се дистрибуција на вода, гравитациона канализација, реконструкциски проекти и шахти.

Најновиот развој на производството на "Конти Хидропласт" е производството на непритисочни канализациски цевки - Конти Кан спирална цевка и комплетен ранг на Конти Кан спирални фитинзи.

Конти Кан спиралната цевка е спирална структурна цевка од полиетилен со висока густина (ПЕ-ХД), со номинален дијаметар од O 400 - 1.200 мм ОД (надворешен дијаметар). Конти Кан спиралната цевка е направена од ПЕ-ХД профил спирално намотуван на барабан со специфичен дијаметар.
Конти Кан спиралната цевка ги дава сите технички предности на еквивалентните полиетиленски цевки со полн ѕид, со значителна заштеда во тежина, дополнувајќи го со многу полесна инсталација и зголемена ефикасност. Нејзината единствена структура нуди ранг на димензии на цевки и различни класи на нестисливост, во зависност од барањата на купувачите.

Својствата на репроматеријалот и технологијата на производот се комбинирани за да овозможат примена во:

  • општините за инфраструктурни објекти;
  • индустријата;
  • при изградба на патишта;
  • при реконструкции.

Конти Кан Спирал ги овозможува сите технички предности исто како полиетиленските или полипропиленските цевки со цврст ѕид , единствената разлика е во тоа што Конти Кан Спирал се значително полесни во тежина а со самото тоа и за инсталација, што е финансиски по исплатливо.

Референтни стандарди
Апликација
ЕН 13476-1:2007
Канализациски системи – отпадни води и комбинирани системи
ЕН 13476-2:2007
При изградба на автопати
ЕН 476:2001
Дренажа на површински води
ЕН 1610:2002
Станбени дренажни системи
ЕН 1852-1:1999
Индустриски цевоводи
ЕНВ 1046:2002 (У)
Подводни инсталации
СФС 5906:2004
Реновирања

Боја: стандардна црна (друга боја по барање на клиентот) Должина:

За поврзување на цевката и елементите со Конти Кан спиралната цевка се применуваат следниве методи:

  • спојување со муф + ЕПДМ;
  • екструзионо заварување од двете страни;
  • екструзионо заварување од внатрешната страна;
  • навојно спојување со внатрешноекструзионо заварување или со термособирачка лента;
  • електрофузионо спојување;
  • поврзување со метална спојка со внатрешен гумен слој;
  • челно заварување.
DVGW
IQNET
IGH
Image
BULGARKONTROLA
MIRTEC
VUPS
GUVERNUL ROMANIA
MPA
QUALITY AUSTRIA
Производна програма
Новости
За компанијата
Заштита на лични податоци