![ПОСТОЈАН РАЗВОЈ НА НОВИ ПРОИЗВОДИ И ТЕХНОЛОГИИ](/images/slideshow/slide-8.png)
![КВАЛИТЕТ ПО ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ](/images/slideshow/slideimage-2.jpg)
![КВАЛИТЕТНА И НАВРЕМЕНА ИСПОРАКА](/images/slideshow/slideimage-8.jpg)
![МОДЕРНА ФАБРИКА - ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ](/images/slideshow/slideimage-4.jpg)
![](/images/2022/07/05/1.jpg)
![](/images/2022/07/05/2.jpg)
![](/images/2022/07/05/3.jpg)
![](/images/2022/07/05/4.jpg)
![](/images/slideshow/slideimage-9.jpg)
За целото постоење на Конти Хидропласт како извозно ориентирана компанија, покрај грижата за клиентите, квалитетот на понудата и производите, ние исто така сме фокусирани и на грижа за околината во која што живееме, и тоа се со цел истата да се зачува за идните генерации.
Покрај тоа што сме една од првите компании во Македонија која ги има имплементирано сите релевантни дозволи и сертификати за животна средина и функционираме во согласност со националното законодавство по основ на здравје и безбедност, се трудиме континуирано да се подобруваме во оваа насока.
Последна новост од оваа област се однесува на неодамна завршениот проект за енергетска ефикасност поддржан од Европската банка за реконструкција и развој односно WebSEFF. Овој проект имаше за цел да ја минимизира потрошувачката на електрична енергија преку обнова и замена на енергетски не ефикасната механизација ви процесите на производство.
По завршницата на проектот согласно условите коефициентот на енергетска заштеда треба да биде поголем од 20%, а во нашиот случај тој изнесува 42.42%.
Како главни резултати кои придонесуваат за зачувување на енергијата и природните ресурси во однос на проектот покрај заштедата на електрична енергија се земаат и следните
Покрај овој проект во иднина планраме да превземаме уште поголеми чекори во однос на зачувување и унапредување на животната средина со што се придржуваме на политиката за животна средина и социјална одговорност.