Енергетска ефикасност

 За целото постоење на Конти Хидропласт како извозно ориентирана компанија, покрај грижата за клиентите, квалитетот на понудата  и производите, ние исто така сме фокусирани и на грижа за околината во која што живееме, и тоа се со цел истата да се зачува за идните генерации.

Покрај тоа што сме една од првите компании во Македонија која ги има имплементирано сите релевантни дозволи и сертификати за животна средина и функционираме во согласност со националното законодавство по основ на здравје и безбедност, се трудиме континуирано да се подобруваме во оваа насока.

Последна новост од оваа област се однесува на неодамна завршениот проект  за енергетска ефикасност поддржан од Европската банка за реконструкција и развој односно WebSEFF. Овој проект имаше за цел да ја минимизира потрошувачката на електрична енергија преку обнова и замена на енергетски не ефикасната механизација ви процесите на производство.

По завршницата на проектот согласно условите коефициентот на енергетска заштеда треба да биде поголем од 20%, а во нашиот случај тој изнесува 42.42%.

Како главни резултати кои придонесуваат за зачувување на енергијата и природните ресурси во однос на проектот  покрај заштедата на електрична енергија се земаат и следните

  • намалување на создавање отпад
  • намалување на трошоците за тековна работа и одржување
  • намалување на емисијата на CO2

Покрај овој проект во иднина планраме да превземаме уште поголеми чекори во однос на зачувување и унапредување на животната средина со што се придржуваме на политиката за животна средина и социјална одговорност.

DVGW
IQNET
IGH
Image
BULGARKONTROLA
MIRTEC
VUPS
GUVERNUL ROMANIA
MPA
QUALITY AUSTRIA
Производна програма
Новости
За компанијата
Заштита на лични податоци