Image
Image

ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ РИГИДНИ ШАХТИ

Полипропиленските (ПП) ригидни шахти се модерно решение со високо развиени компоненти на коморите, кои се употребуваат во регуларни и комплицирани услови при извршување градежни работи.
Полипропиленските шахти  се произведуваат со технологијата injection molding или вбризгување.

Image
Image
Image

Системот со комори за шахти е дизајниран и функционира во согласност со последните спознанија и трендови на технологиите за производство на производи од овој тип, во согласност со сите барања на европските стандарди за градежништво.
Интеграцијата на ПП ригидните шахти во цеввководен систем овозможува лесен пристап за чести инспекции и одржување, што е одлична превентива за спречување било какви оштетувања на долг рок.

НАМЕНА

Конти ПП ригидните шахти можат да се користат како:
  • Општински и индустриски шахти
  • Канализациски шахти и шахти за отпадни води
  • Сифонски структури
  • Пумпни станици
  • Био третман на канализација
  • Санитарен канализациски систем
  • Канализациски системи

ПРЕДНОСТИ

  • Хемиска отпорност – во споредба со бетонски шахти
  • Отпорност на корозија
  • Намалени материјални трошоци
  • 100% заштита од истекување
  • Безбедни и едноставни за инспекција
  • Лесни за инсталација благодарение на модуларниот систем на склопување

Лесна конекција со различни видови цевки и тоа:

  • ПП мазна цевка
  • ПВЦ цевка
  • Челична цевка
  • ГРП цевка
  • Керамичка цевка
  • Ребраста цевка
DVGW
IQNET
IGH
Image
BULGARKONTROLA
MIRTEC
VUPS
GUVERNUL ROMANIA
MPA
QUALITY AUSTRIA
Производна програма
Новости
За компанијата
Заштита на лични податоци